Порно сајт или Агенција за вработување, има ли ИТ инжинер на владиниот брод

Дали ни се безбедни и точни податоците во Агенција за вработување на Република Македонија?

Ова прашање го поставува Илија Вучков, прв човек на ЕМКИЦЕ центарот за иновации и знаење кој открива дека Агенцијата за вработување е под хакерски напад а никој ништо не презема.

Според неговата анализа оваа агенција која на интернет има сосема поинакво име кое оже да и од порно филм, е само една од државните институции кои функционираат со погрешни информации а целиот државен информациски систем е во хаос.

Целиот пост на Вучков:

🤣 Хакиран сајт изгледа?! Државната агенција “Carpet Cleaning Palm Beach” (види слика) или меѓу народ позната како “Агенција за вработување на РМ” Агенција за вработување на РСМ / Agjencia për punsim e RMV ги запишува и води податоците за сите вработени и невработени граѓани.
(Секако се неточни, штимани и компромитирани). (Таленти од северна).

Дали им била или им е хакиран сајтот на агенцијата не знам, но е очигледно!

Не пишува на сајтот кој е директор, не знам кој е директор на оваа државна институција, но ќе најдам сега за кратко.

Со грешни податоци сите понатамошни анализи и политики се грешни!!! Впрочем како и цела северна..

(Случајов беше откриен на пописот)

Пример:
Наместо Доктор на науки по деловно (трговско) право, а предходно Магистер на економија (меѓународен менаџмент) и дипломиран правник сепак државата: АВРМ (или некој друг) запишал во М1/М2 образец за задолжително социјално осигурување “Матурант од гимназија – Математичка гимназија”. 🤣🤣🤣

Штета за граѓанинот:
Од степенот на образование зависи работното место/позиција и висина на платата 🤣
Со средно имаш една плата, со магистратура друга, со докторат трета плата! 🤣
На друго работно место ќе си извадат М1/М2 и ќе ти речат, извини ама може ти се фалсификат дипломите, а и не може друго работно место со овој М1/М2 🤣

Штета за државата:
Некои набројав погоре но, има и дополнителни
кои треба да се проверат за Фонд за здравство, Фонд за пензиско, УЈП итн итн ..

– Како тогаш некој да ги остварува своите права (пензиско, здравствено, итн.)?
– Како тогаш се прават политики на државно ниво кога не се точни податоците?
– Сите овие податоци (неточни) влегуваат и во Евростат, за образование (затоа ни е такво), за работна сила (што секојдневно бега од државата) и за продуктивност во економијата (најниска во Европа).

Очигледно и ушислушно до сега се што имаше афери и ниедна разрешница, може да се заклучи следно:

*Сите дата бази во државава и лични податоци се компромитирани или украдени како случајот со Фондот за здравство кој еве се заташка.

*Вработени во МВР издавале пасоши на криминалци со мечови со друг идентитет на наши граѓани.

*Пописот не е вистинит, видовме чудни припреми и налик на корумпиран процес, а компромитиран беше уште на почеток и е сеуште.. (примери, документи и докази цела кутија се ако ги испринташ на хартија).

*Изборниот список неколку пати компромитиран, а неколку избори видовме аномалии, како и на последниот што системот падна на денот на гласање и како податоците од терен и крајни не беа исти..

*Чувме и видовме обвинувања од сите политички партии изминати 20 години.