Три четвртини од тие што гласале на анкетата на групата “Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ” рекле дека нема да излезат на гласање на референдумот за иметозакажан за 30 септември.
Оваа група е формирана од страна на СДСМ со цел да лиферува негативни вести за поранешната власт а сега опозиција и затоа е интересно што само 25 % од тие што гласале најавиле дека ќе гласаат на референдумот.
Добро упатени извори велат дека анкетата која покажува дебакл на власта не била тргната од Фејсбук затоа што јавноста веќе документирала дека уште од првите моменти на нејзиното функционирање постои негативен став за референдумот.
Иако овој вид анкети немаат научна вредност сепак бројот на гласачи од 6,3 илјади дава сигнал за општото расположение на јавноста кое што ќе биде проверено на 30 септември.