Откако тенисерот Новак Ѓоковиќ го потврди учеството на Австралија опен, поранешната амбасадорка на Косово во САД реагираше, Влора Читаку.
На веста на Ројтерс, дека „Ѓоковиќ доби медицински исклучок за да ја брани титулата на Австралија опен“, Читаку напиша:
„Сите животни се еднакви, само некои се поеднакви од другите“.
Објавата на Читаку, која е всушност цитат од книгата „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел ја осуди и амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ.
Според него, објавата на поранешната министер за надворешни работи на Косово е школски пример за етнички мотивиран говор на омраза.
„Очигледно, тоа е затоа што Новак Ѓоковиќ е Србин од Звечан, кој размислува поинаку од Читаку“, напиша Ѓуриќ. Б92
