Поранешен фудбалер на Челзи пронајден мртов под урнатините во Турција

Кристијан Атсу(31), поранешен фудбалер на Челзи и Њукасл, бил пронајден мртов во урнатините по земјотресот што на 6 февруари ја погоди Турција, соопшти неговиот агент на „Твитер.

Тој ја извести јавноста дека Кристијан Атсу е пронајден мртов под урнатините 12 дена по разорниот земјотрес во Турција.

Бројот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 45.000.