Владиката на МПЦ одговорен за Европската епархија доби емотивна порака откако на фејсбук искоментира на статус на екс пратеникот Илија Димовски кој го цитира преродбеникот Ѓорѓија Пулески.
…„Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор,
и који живувајед и се другарад еден со други,
и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља;
тије људите ји викајед народ,
а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.”…
Епископот коментираше на статус со двосмислена реченица во која го користи јазикот на Пулевски но имплицира дека македонскиот народ не е поборник за другарство и затоа не разбираат.
“Убо кажал Ѓорѓија, ама људиве наши од шо не другарад не разберувајед”, напиша Пимен.
По овие зборови испровоцирана од владиката корисничка на Твитер бара некој да му ги пренесе на отецот зборовите со кој индиректно го обвинува за тоа што му се случува на македонскиот народ.
” Људиве наши се другарад, ам ги боли предавството од својте браќа, од оние со кои до вчера лебот и маката ја делеја…од оние шо отидоја и за грст сребреници Македонија ја продадоја.
“Оној што не си ја љубит таткојната, не си го љуби ни народо свој!”, стои во пораката до владиката кој се уште е критикуван затоа што учествуваше во кампањата за промена на името на референдумот и во кампањи на СДСМ а не се бореше за заштита на утавнот име.
https://twitter.com/Maket099/status/1320355705761792000?s=19