Порака до Филипче и Џафери преку МИА: “Поништување на стоката вмровска”

“Нека ја поништува стоката вмровна што секој ден штрајкова и тие гнасотии вмровни што се во парламентот само така државата ќе се исчисти од гнасата вмровна арамиска терористичка ништоверска”.

Ова е еден од навредливите коментари на видеото на изјавите на спикерот на Собранието и на министерот за здравство Венко Филипче објавени во живо преку Македонската информативна агенција МИА.

На изјавата по повод вакцинацијата на пратениците од Собранието има повеќе недолични коментари но најмногу се истакнува профилот Целе Неделковски кој шири говор на омраза преку МИА.

Неговиот и другите навредливи коментари можеа да се прочитаат најмалку половина час откако беа дадени на МИА.

На навредите од Целе Неделковски поддршка даваат уште три профили на Фејсбук.

Линкот до изјавата на Филипче

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/3817647641616448/

Проблемот со говорот на омраза на социјалните мрежи е често присутен во коментарите на сите медиуми но засега освен систематско бришење на коментари што бара сериозни ресурси кај медиумите нема друг соодветен механизам за негова елиминација.