Директорот на скопското јавно сообраќајно претпријатие Александар Стојковски добие порака од возач на градски автобус со барање да го врати да вози патници.
Возачот сними видео која ја објави на социјалните мрежи со порака за директорот на ЈСП. Бара да биде вратен како шофер на некоја од линиите, а не да ја работи сегашната работа како паркирач на автобуси.
,,Почитуван директоре на ЈСП, нека види цела македонската јавност каков директор си ти. Јас сум возач со 15 годишно работно искуство, ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари, јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов. Значи свесно во смрт ги праќате граганите. Има линии како 53 или 25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право во смрт. За тоа ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија и најпрофесионално да си ја извршувам работата, вели возачот кој за возењето на автобуси во шоферски сленг вели дека за него било ,,вагинален чад” односно пи*кин дим.
Видеото на овој линк
https://www.facebook.com/100086344431517/videos/2209610845886049/