За период од шест месеци од стартот на кризата, од крајот на февруари, во земјава без работа останале дури 38.943 лица, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување.

АВРМ регистрираше нови три илјади невработени само во август годинава: Бројот на невработени лица во земјава достигнал 144.759 , што во однос на јули е зголемување за точно 2.982 невработени.

Иако станува збор практично за три илјади отпуштања, августовскиот раст на бројот на невработени е понизок од оној што се случи во јули, а кој изнесуваше над осум илјади лица, или прецизно 8.322 граѓани од земјава кои во тој месец останаа без работа, јавува Фактор.