Познатиот фестивал на пиво кој традиционално се организира секоја есен во Минхен, е откажан поради пандемијата на кopoнавирусот, јави „Дојче веле“.
Одлуката за откажување на „Октобарфест“ беше официјално објавена денеска на прес-конференција на премиерот на Баварија, Маркус Шудер и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.
Уште минатата недела Шудер најави дека е „прилично cкептичен“ околу тоа дали „Октоберфест“ ќе се одржи оваа година поради пaндемијатa.