Поради инаетот на Заев и Филипче, нема патување во Еу, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Македонија од утре се соочувa со нова забрана од ЕУ за патување, обвинува опзициската ВМРО-ДПНЕ, во соопштение од партскиот Центар за комуникации.

„Поради високиот број на заразени кој можеше да се превенира со навремени мерки, македонските граѓани ќе се соочат со неможност нормално да патуваат во ЕУ.

Забраната може да значи целосна забрана за неесенцијални патувања, нои огромни процедури и за оние граѓани на кои патувањето им е неопходно.

Поради инаетот на Заев и Филипче сега сите граѓани ќе страдаат.

Заев и Филипче не ги послушаа советите на ВМРО-ДПМНЕ навремено да воведат построги правила при влез, како што е задолжителното тестирање, и масовна вакцинација со голем број на пунктови, и сега нивниот инает го плаќаат сите.

Македонија повторно трпи загуби заради неукоста и инаетот на двајца луѓе – Заев и Филипче. се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.