Германската канцеларка Ангела Меркел ќе го пропушти отворањето на самитот на Г20 во Буенос Аирес, Аргентина, откако поради технички причини, синоќа,авионот со германската делегација мораше принудно да слета на аеродромот во Келн.
Меркел и германскиот министер за финансии Олаф Шолц ќе го продолжат своето патување во Буенос Аирес рано денеска, но поради повеќечасовниот лет, на самитот ќе стигнат со задоцнување и откако светските лидери ќе започнат со своите разговорите.
Ербасот А340 во сопственост на германската влада имал сериозни проблеми со телекомуникациите, а за слетување бил користен – сателитски телефон.
Делегацијата ја помина ноќта во хотел во Бон.