Поправена „европската“ ограда на крокодилите во скопската Зоолошка

„Живеалиштето на крокодилите е признаено од европската асоцијација ЕАЗА како едно од најдобрите живеалишта за рептили во Европа. Една од причините поради која крокодилот излегол од живеалиштето е тоа што оградата била оштетена од влечење од посетители“, вели директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, пренесе порталот Сакам да кажам.

Во Зоолошката градина има два крокодила, мажјак Ганко и женка Тина. Во вторникот вечерта крокодилот Ганко избегал од живеалиштето, влегол во езерото кај патките,  но веќе наредниот ден бил вратен во своето живеалиште.