Поплавите во Германија и Белгија однесоа 183 жртви, голем број исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во западна Германија и Белгија се искачи на најмалку 183, по поплавите предизвикани од излевање на реките што доведе до уривање на куќи и прекин на патиштата и снабдувањето со струја.

Во Германија, а досега има повеќе од 150 мртви, допдека стотици сè уште се водат како исчезнати.

Официјални лица стравуваат дека бројот на жртвите ќе продолжи да расте.

Илјадници војници се ангажирани на спасување и санирање на последиците од поплавата. З

Спасувачи евакуираа околу 700 луѓе откако вчера се урна браната на реката Рур во областа Хајнсберг, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, на западот на Германија.

Најпогодени региони во Германија се оние на границата со земјите од Бенелукс, но поплавите беа и во источниот дел на земјата, кон границата со Австрија, како и во Австрија и исто така сериозно ја погодија Белгија.