Пописот тече, но забавено и под „постојани напади“

Државниот завод за статистика уверува дека пописот на терен тече, не е прекинат но пописните активности се спроведуваат со намален интензитет поради техничките интервенции кои се вршат во софтверот за пописната апликација.

Тимот за техничка поддршка на пописните активности што значи дека во најбрз можен рок сите попишувачи ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа.

Од ДЗС информираат дека во „последниве денови, веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади. Странците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди.

„Апелираме до јавноста да има разбирање за овие технички проблеми кои се вообичаени кога станува збор за масовни операции со користење на напредни технологии и повторуваме дека процесот на попишување е во рамки на планираното и очекуваното и тој ќе биде целосно, успешно и крајно професионално завршен до 30 септември“, велат од Државниот завод за статистика.