Пописот може да почне утре, вели Маричиќ!?

Доколку се следи сегашниот Закон за попис кој е во сила, од утре би требало да се преземат било какви активности, бидејќи денеска не се успеа да се измени законот со кој би се одложил пописот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Сител.

„Но и било какви активности да бидат преземени, и да се почне со попишување утре тие податоци ќе важат за наесен кога ќе биде реализиран пописот“, вели Маричиќ.

Во понеделникот лидерите на СДСМ и на ВМРО0ДПМНЕ се согласија дека поради пандемијата – пописот треба да се одложи са септември.

Согласност за одложување на пописот има од сите политички партии освен од една.

„Бидејќи законот е со ЕУ знаменце тоа значи цел процес може да трее два до три дена, така што нема можност за блокирање (на пописот)“, оценува Маричиќ, пренесува ТВ21.

Во однос на тоа што денеска Џафери го врати законот поради технички грешки, Маричиќ вели дека по враќањето сите грешки се исправени во рок од два часа и законот повторно е вратен во Собрание.

Денеска не се одржа седница на Собранието за одложување на пописот.

Ова е епилогот од попладневната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, информираат од пратеничките групи.

Доколку се создадат услови, седницата ќе се одржи утре.