Пописот и официјално одложен за септември

Со 95 гласови ЗА, 12 против и без воздржани, Собранието попладнево донесе одлука со која направи измени во законот за попис и истиот го пролонгира за наесен.

Ова следува откако претходната недела на тет-а-тет средба го договорија лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Барањето на опозицијата за одложување на пописот го темелеа врз големиот број на заразени со коронавирусот, но несогласувања имаат и во самата методологија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дијаспората само се евидентира, а не дека се попишува, додека пак од Власта велат дека попис се врши на сите, и на тие кои се во и на тие кои се надвор од Македонија.

Исто така, по скратена постапка беа усвоени и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на октомври.