Пописните резултати неумоливо потврдија: младите луѓе масовно си заминуваат од државата. На Пописот во 2002-та, лицата на возраст од 15 до 29 години сочинувале 23,8 одсто од вкупното население, а во 2021 се 5 одсто помалку. Трендот на „стареење на нацијата“ е забележлив и во урбаните и во руралните средини: во Ново Село има само 13 одсто младо население, во Дебарца 13,5, но и во Центар има само 13,2 одсто. За истражувачот Блажен Малески, овие податоци се загрижувачки.

Првичните реакции на Пописот не го увериле Малески дека политичарите ги научиле лекциите. Потсетува дека државата нема никаква стратегија за да ги задржи новите генерации.

„Податоците од пописот се презагрижувачки“, реагира и Клубот за младински прашања и политики. Координаторката Моника Зајкова најавува дека наредната недела во Собранието ќе организираат расправа на оваа тема – за да ги разбудат сите институции и да ги предизвикаат да размислуваат за инвестиции во образованието, младинско претприемништво, развој и brain gain стратегии.

Извор: Телма.мк