Попис во Туминец: По националност сме Македонци. Каде има Бугари? Нашата област не се граничи со Бугаринот (ВИДЕО)

Македонците од Албанија за тамошните телевизии јасно и гласно изјавуваат дека се тоа по националност, чудејќи се на прашањето од репортерите дали во нивните населени места има Бугари, како што тврди официјалната бугарска политика пред и за време на пописот кај западниот сосед на Македонија.

„Каде има Бугари? Нашата област не се граничи со Бугаринот. Може да има некој Албанец, но Бугари никогаш немало“, вели жител на Туминец во компилацијата од делови од прилози на албанските телевизиски станици на профилот на Фејсбук на Васил Стерјовски, лидер на партијата Македонска алијанса за европска интеграција на линкот: https://www.facebook.com/1038927768/videos/851896622852093/