Вкупно 111.352 жители на Австралија од 25.422.788 регистрирани на последниот попис организиран минатата година се изјасниле дека имаат македонско потекло, а 66.173 го користат македонскиот јазик дома.

Според официјалните податоци на Австралиското биро за статистика (АБС), најмногу од Македонците живеат во државата Викторија, и тоа 49.429, а 29.356 зборуваат македонски дома.

Следуваат Нов Јужен Велс со 43.775 жители од македонски потекло и 28.091 што зборуваат македонски дома, потоа Западна Австралија со 11.327/5.916, Квинсленд со 3.335/1.386, Јужна Австралија со 1.817/610, АКТ (Australian Capital Territory) со 1.458/764, Тасманија со 133/30 и Северна Територија со 78/19.