Попис: Христијаните паднаа на помалку од половина од населението во Англија и во Велс

Англија и Велс повеќе не се мнозински христијански нации, покажа пописот на Канцеларијата за национална статистика во 2021 година.

Објавени во вторникот, податоците покажуваат дека само 46,2 проценти од Британците сега се идентификуваат како христијани, значително помалку од 59,3 отсто во 2011 година. Вкупниот број на христијани е намален од 33,3 милиони на 27,5 милиони во изминатата деценија.

Во исто време, се зголеми бројноста на сите други религиозни групи, но најмногу на неверниците. Додека само 25,2 проценти од жителите во 2011 година тврдеа дека не се религиозни, тој дел порасна на 37,2 отсто во минатата година, што претставува зголемување од 8,1 милиони луѓе.

Муслиманите го забележаа следниот најголем раст, напредувајќи од 4,9 проценти од населението на 6,5 отсто, а уделот на хиндуистите се зголеми од 1,5 проценти на 1,7 отсто, првпат надминувајќи еден милион.

Сиките, будистите и Евреите забележаа поскромно зголемување на бројноста, како и оние кои ја наведоа својата религија како „друга“, иако значително помалку испитаници одбија да одговорат во 2021 година отколку во 2011 година (7,1% наспроти 6%).