Понижено обезбедувањето на Ковачевски, мораа да му го носат пазарлокот (ВИДЕО)

Понижени членови на обезбедувањето на премиерот кој за време на пропагандна посета на пазар во Делчево своите телохранители ги злоупотребува за да му ги носат торбите со купени намирници додека тој се слика.

На видеото јасно се гледа како Ковачевски во еден момент на своите ,,бодигарди” им предава торби со производи како да му се лични слуги.

Според протоколот за реакција овие најчесто добро тренирани припадници на МВР имаат единствена задача да го штитат премиерот од безбедносни закани но не и да му ги носат торбите на пазар.

Вообичаено ако премиерот не може да носи сам торби или на пример подароци при средби со странски претставници нему му помагаат членови на владиниот протокол.

Со носење на торбите на премиерот неговото обезбедување не е во можност да реагира соодветно на евентуални безбедносни предизвици.

Видео од злоупотребата на премиерските бодигарди на овој линк:

https://fb.watch/lnFbvIYrUn/?mibextid=Nif5oz