Понижениот Спасовски освен за претседател може да се кандидира и за поглавар на МПЦ-ОА

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој не исклучува да се кандидира за иден претседател на Македонија наместо на Пендаровски денеска покажа дека слободно може да претендира и на местото на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Г.г. Стефан.

Во евтина Пи-Ар објава на социјалните мрежи од настан кој се случил во работно време додека неговото МВР се соочува со низа скандали тој дава верски и историски часови на Фејсбук.

Посебно прашање е дали вработените во МВР и Синдикатот на полицијата му дале право на Спасовски да честита врски празник во име на МВР или тој во обид да се додвори на верниците и граѓаните сам си го земал тоа право.

Целото обраќање на Спасовски:

Почитувани граѓани,

Дозволете во мое име и во име на МВР, на сите православни верници да упатам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски – Чудотворец, со желби за добро здравје и благосостојба.

Утрово, во Соборниот храм во македонската престолнина Скопје, кој го носи името на светителот, присуствував на Божествена литургија во служба на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Свети Климент е основоположникот на Македонска православна црква и на нашите писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на Македонецот кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог, кој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идниот век.

Секогаш со посебен пиетет зборуваме за најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј, кој го трансформираше Охрид во лулка на словенската писменост и култура, грижливо го чуваше и негуваше христијанство на Балканот.

Како автор на многу дела, пофални слова на свети маченици и апостоли, како и поуки за големите христијански празници, нему му се припишуваат и опширните житија на Свети Кирил и Методиј, познати како Панонски легенди, кои се најзначајниот извор за проучување на животот и делото на светите браќа, но и силен доказ за правото на свој јазик, писменост и култура.

Изразувам најдлабока почит кон неговата заслуга за македонскиот народ, идентитет и култура, како светол пример на духовен водач кој се вградува во историјата на европската култура – подвиг кој ние ревносно го продолжуваме обезбедувајќи ги евроатлантските интеграции на нашата земја, како и мир и безбедност за сите наши граѓани.

Нека е за многу години празникот на Свети Климент Охридски!

Зошто и како беше понижен Спасовски чие име се споменува и во истраги на обвинителството за организиран криминал.

Аферата ,,Флешери за синот на Буши” добива ново име ,,Понижен министер”