Помрачувањето се случи, влагата и облаците не ја уништија “Крвавата месечина”

Ниту влажноста на воздухот ниту не ја наруши убавината на настанот наречен “Крвава месечина”, кој луѓето низ целиот свет вечерва го гледаат во најдолгото целосно помрачување на Месечината во 21. век.

Природниот феномен познат под името „крвава месечина“ трае еден час и 43 минути и може да се набљудува во најголемиот дел од светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Помрачувањето може да се види од Европа, Блиски Исток, Африка, Австралија и од поголемиот дел на Азија и Јужна Америка. Овојпат, ќе го пропуштат само Северна Америка и Гренланд.

Ноќва Марс ќе биде во најблиската точка до сонцето од 2003 година и кога небото е чисто, ќе може да се види како светла сјајна ѕвезда.

„Крвава месечина“ е името што му се дава на земјиниот сателит за време на помрачувањето. Се случува кога Земјата поминува меѓу сонцето и Месечината, при што фрла сенка врз неа. Месечината притоа не се затемнува како сонцето, туку добива црвено-кафеава боја.

Помрачувањето на Месечината е помалку вообичаено од соларното и се случува најмногу три пати годишно (во некои години ниеднаш). Ова помрачување е исклучително долго, само четири минути пократко од теоретскиот лимит од еден час и 47 минути, бидејќи Месечината ќе поминува низ центарот на земјината сенка.

Фотографиите се снимени од италијански астроном кој на твитер е познат како Сејлор Морган.