Помош од „Зегин“ за семејствата на настраданите во автобуската несреќа

На членовите на потесните семејства на загинатите во несреќата на автобусот на Беса Транс во Бугарија ќе им се овозможи едногодишно бесплатно користење на комплет поликлинички здравствени услуги и лекување во ПЗУ Д-р Верица Механџиска – Зегин Интер Медика.

„Ја користиме приликата на семејствата кои ги загубија своите најмили да им изразиме длабоко и искрено сочувство и да ги замолуваме да ни дозволат заеднички да ја споделиме нивната неизмерна болка и тага. Драги и почитувани, сметајте на нас и во иднина“, соопштија од семејството Механџиски.