На Украина треба да ѝ се дадат ексклузивни услови за влез во Европската унија, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
„Кога би можел да го отфрлам нормалниот пат на пристапување, тогаш мојот одговор е да. Не можеме да дозволиме оваа земја да преговара како да е обичен кандидат за ЕУ“, рече тој на Минхенската безбедносна конференција.
„Нам ни е потребно Украина да биде дел од ЕУ и од НАТО. Од моја гледна точка, колку побрзо, толку подобро“, истакна Моравјецки.