Полски политичар благодарен на САД за „саботирање“ на Северен тек 1 и 2

Поранешниот полски министер за одбрана, Радек Сикорски, им припиша заслуга на Соединетите Американски Држави за саботирање на двата гасоводи Северен тек 1 и 2 што носат природен гас од Русија до Германија.

„Ви благодариме САД“, напиша Сикорски на Твитер.


Сикорски беше министер за национална одбрана од 2005 до 2007 година, а претходно беше заменик министер за национална одбрана и заменик министер за надворешни работи. Моментално е избран за пратеник во Европскиот парламент, пишува американскиот магазин „Форбс“.

Полскиот државен секретар Станислав Зарин го осуди тврдењето на Сикорски на Твитер како „руска пропаганда… Потврдувањето на руските лаги во овој конкретен момент ја загрозува безбедноста на Полска. Каков чин на груба неодговорност!“ – напиша Жарин на Твитер, пренесе Њуз.бг..