Полска: Упад во претседателската палата, уапсен бивш министер на полицијата

 

Полската полиција синоќа во претседателската палата уапси двајца поранешни владини функционери и актуелни пратеници

Поранешниот министер за внатрешни работи и неговиот заменик беа уапсени во ескалирачкиот конфликт меѓу шефот на државата и новата полска влада.

Премиерот Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда дека ја попречува правдата откако двајца пратеници, кои требаше да бидат во затвор, беа видени во палатата.

Приведени се Мариус Камински и Мациеј Васика.
Претседателот Дуда, наводно, не бил во палатата во моментот на апсењето.

Новиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински коментираше дека „сите се еднакви пред законот“.

Стотици демонстранти се собраа пред претседателската палата на покана на националистичката партија Право и Правда (ПиС), чии членови се Камински и Васик, барајќи тие веднаш да бидат ослободени.

Медиумите потсетуваат дека Дуда го помилува Камински во 2015 година, неколку недели откако ПиС дојде на власт и откако Камински беше осуден за злоупотреба на овластувањата на претходната функција, што му овозможи да стане министер за полиција.