Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека во понеделник ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц за да разговара за испорака на тенкови од типот „Леопард“ на нападната Украина.
Запрашан дали може да го убеди Шолц да даде зелено светло за испорака на тенковите, тој рече: „Немам поим“.
Тој додаде дека дури и ако Германија не одговори негативно, процесот на донесување одлуки може да потрае одредено време.
„Тоа се процеси кои бараат подолга дискусија, но притисокот мора да продолжи“, рече тој.
Полскиот претседател Анджеј Дуда во средата изјави дека се подготвени да достават одреден број тенкови Леопард во Украина како дел од меѓународната коалиција.
Германија игра важна улога во испораката на тенковите „Леопард“ во Украина бидејќи е потребно одобрение од берлинската влада за земјите кои купуваат оружје од Германија да го извезат во трета земја.
Досега БВританбија и Франција се иозјаснија дека ќе ѝ достават тенкови на Украина, но германскиот премиер Олаф Шолц, не е приврзаник на идејата тоа директно да го направи и Германија, без оглед на притисоците и барањата од Киев.
