Полска е подготвена да воведе еднострана забрана за увоз на жито од Украина, откако забраната на ниво на ЕУ истекува на 15 септември, изјави полскиот министер за земјоделство и рурален развој Роберт Телус.
„Разговарав на оваа тема со бројни министри од ЕУ, видов разбирање што е потребно за да се изгради коалиција и механизам.
Убеден сум дека Романија би била во таа коалиција. Следната недела имам состаноци и ќе се јавам во Словачка за заедно да одлучат во кој правец ќе одиме. Во моментов нема сомнеж дека има коалиција и ќе ја спроведеме забраната“, нагласи Телус.
Според него, задржувањето на забраната на ЕУ за увоз на жито до 15 септември е „само политички аргумент за натамошна дестабилизација на ситуацијата во Полска“.
Во мај, Европската комисија им дозволи на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка да ја забранат продажбата на украинската пченица, пченка, соја репка и семки од сончоглед на нивните пазари, додека забрана за транзит во други земји не беше воведена, пренесува Капитал.
