Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека одобрение од Германија за тенковите Леопард 2 не е примарно, па дури и дека без тоа одобрение, Полска би можела да и ги достави на Украина.
САД и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите „Леопард 2“ да бидат испратени до линијата на фронтот, а тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против руските сили агресор.
„Ќе побараме дозвола, но тоа е помалку важно. Дури и ако не добиеме дозвола (…) ние сепак ќе ги доставиме нашите тенкови во Украина заедно со другите земји“, изјави премиерот Моравјецки за новинарите.
