Полска го условува изборот на нов ген-сек на НАТО: Мора да е од Исток

Полска најави дека ќе се спротивстави на изборот на нов шеф на НАТО од нордиските земји, алудирајќи на данската премиерка Мете Фредериксен која е фаворит за нов генерален секретар на Алијансата, дознава „Вол стрит џорнал“.

Тоа може да доведе до поделби во Алијансата, пишува весникот.

Ќе добие ли НАТО шефица, по заминувањето на Столтенберг!?

Варшава инсистира дека новиот генерален секретар треба да дојде од земја на источното крило на НАТО, по можност од поранешна република на СССР, што би испратило сигнал до Москва.

Оттаму, некои сметаат дека вистинсѝка алтернатива е изборот на естонската премиерка Каја Калас.

Полска се сомнева дали Данска ги исполнува критериумите на Алијансата за трошоците за одбраната.

Во мај, властите на кралството Данска ветија дека ќе инвестираат повеќе од 20 милијарди долари во националната одбрана во следната деценија, што треба да и овозможи на земјата да ги достигне потребните два отсто од БДП наменети за одбрана, согласно барањата на НАТО.