Јавниот сектор, односно над 110.000 работници земаат плата, која полека, но сигурно се доближува до минималната во државата, а токму поради ниските плати се повеќе работници заминуваат во странство, алармира првиот човек на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски. Тој во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во ваква, лоша, ситуација – администрацијата се повеќе останува без стручни кадри.

Дека стручниот кадар на големо се иселува постојано алармира и стопанстото. За само една година, нешто повеќе од 9.000 млади купиле билет во еден правец и „побегнале“ од сопствената земја.

Претходно, власта кажа дека размислува за увоз на странска работна сила, за плата далеку под минималецот, односно за 200 евра, зашто според статистиките, годишно ни фалат 10.000 работници.

Синдикатите велат дека овие работници кои би дошле од Пакистан би работеле само еден месец, по што ќе им биде отворена врата во западно европските земји, секако за поголеми плати.

Проблемот станува се посериозен зашто во земјава никако, реално, да се зголемат платите. Сериозен проблем е и двоцифрената инфлација од 16,7%, што на големо ги јаде парите на работниците. Иако порасната минималната плата, секако поради инфлацијата таа ќе вреди помалку од лани. Капак на се е дека вештачкото зголемување ќе ја намали и продуктивноста и ќе прдизвика урамниловка, велат бизнисмени за Алфа.

Колку за потседтување, во 2021-та, минималната плата беше 15.194 денари. Тогаш покривала 42,9% од синдикалната минималната кошничка, во 2022-та 18-те илјади денари покривале 40,4%, а сега со најновото покачување на 20.172 ќе покрива само 39,6% од потребите на семејството. Ова буквално значи дека работникот кој прима минималец сепак ќе биде посиромашен од лани полани.