Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од есен е можно да има рестрикции за невакцинираните граѓани.
Засега нема рестриктивни мерки за влез во државата.
„Денес очекуваме да ја надминеме бројката од 500.000 вакцинирани со барем доза. Во моментов ревакцинирани се 330.000 граѓани и ние не запираме тука“, изјави вчера министерот за здравство одговарајќи на прашања за вакцинацијата.
Тој информира дека здравствените власти размислуваат за воведување рестрикции за граѓаните кои што не се вакцинираат.
„Зошто тие да ги загрозуваат сите други што се вакцинирале, а имаат можности. Во некои земји воведоа брзи тестови за влез во маркетите или културните настани“, потенцира министерот, додавајќи дека засега нема нови случаи на делта сојот во земјава.
Во септември, да споменеме, ќе се случува пописот на населението…
