Половина Македонија е на патот на „Голема Албанија“, тврди Вулин

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин уште еднаш предупреди на опасностите од проектот за „Голема Албанија“, осврнувајќи се и на последиците за Македонија.

„Кога Северна Македонија ќе стане членка на НАТО-пактот, а тоа се очекува веќе годинава, сите Албанци ќе живеат во единствено политичко-безбедносно опкружување. Тиа бараат формализација на на својот простор со граници. Сите земји на кои гледаат – молчат. Црна Гора многу често ја напаѓа Србија, но не и ‘Голема Албанија’, иако таа сака да земе дел од нејзината територија. И Северна Македонија многу често ќе ја напаѓа Србија, го признава Косово без никакви проблеми, а половина нејзина територија е на патот на ‘Голема Албанија’. Сите молчат, само Србија зборува“, изјави Вулин за рускиот државен ТВ-канал „Русија 24“.

Министерот за одбрана на Србија, на покана на својот руски колега Сергеј Шојгу, учествуваше на осмата Безбедносна конференција во Москва.