Полициските ,,Тигри” вечерва привеле внук на моќен политичар, од МВР им наредиле да се повлечат

Во полициската станица Центар вечерва околу 20.00 часот од страна на припадници на Единицата за специјални задачи Тигар е приведено лице, со иницијали Д.А. кое имало огромни количество на петарди во возилото Ренџ Ровер.

Ова го откриваат високи функционери на МВР блиски на СДСМ кои бараат Оливер Спасовски да не ги опструира законот за мир во владеачката коалиција.

Приведениот внук на моќниот политичар на припадниците на ЕСЗ Тигар им кажал дека имал фабрика за експлозиви и затоа со себе носи огромна количина петарди во возилото.

По нешто повеќе од 40 минути од страна на МВР е издадена е наредба до припадниците на ЕСЗ Тигар да се повлечат од Полициската станица Центар каде се наоѓа уапсеното лице.

Извори во полициската станица Центар тврдат дека се прави силен политички притисок лицето Д.А. да не одговара или да одговара за помал прекршок.

Извори во МВР потврдуваат дека се работи за Дрин Ахмети кој претходно беше дел од друга голема афера во јавноста во која тој стана сопственик на трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје без за тоа да плати еден денар.

Поврзана вест

Внукот на Ахмети, Дрин, не може да се спаси, професионалците во МВР одбиваат политички притисок

Најчитани вести

Пет кадри на Оливер Спасовски дел од огромен меѓународен криминал легализиран во Македонија