Десетици припадници на специјалните единици на МВР вечерва се распоредени пред домот на екс вицепремиерот за економија Владимир Пешевски.
Меѓу нив има и припадници на Единицата за брзи интервенции на МВР кои што се подготвуваат да го обезбедат теренот на кој вечерва ќе протестираат членови на политички партии и организации од движењето “Македонија Блокирам” предводени од Јанко Бачев, Филип Петровски, Страшко Олумчев и други кои предходно протестираа пред домовите на Крсте Мукоски во Вевчани и Сашо Василевски во Охрид, двајца од 8те пратеници на опозицијата кои гласаа за уставните измени.
Пред два дена Пешевски објави писмо до членовите на ВМРО-ДПМНЕ во кое се бараше партијата да ги поддржи уставните измени со цел земјата да продолжи со евроатланските интеграции.
За членовите на организациите на движењето Македонија Блокирам, писмото на Пешевски е повик за национално предавство поради што организираат протест пред неговиот дом во скопската населба Тавталиџе.