Пред куќата на екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва можат да се забележат припадници на МВР но се уште нема официјална информација зошто полицајци го обезбедуваат домот на обвинетиот во случајот Таргет Тврдина за кого обвинителството бара 13 години затвор.

Засега има две опции за полициско присуство, едната е дека мерката претпазливост да се замени со куќен притвор за случајот за кој се бара казна а другата помалку веројатна е дека се бара куќен против за друго дело за кое немаше одлука на судот.

Каде е Сашо Мијалков, МВР не може да го најде еден час