Полициски час во Солун и во Серес од утревечер

Од 3 ноември, па во наредните 15 дена, во Солун и во Серес ќе биде воведен полициски час од 21 до 5 часот, како дел од мерките за зауздување на експоненцијалниот раст на инфекции со коронавирус во Грција.

Ќе бидат забранети и сите „несуштински“ домашни и меѓународни летови до и од солунскиот аеродром „Македонија“, но, за разлика од локдаунот во март, училиштата ќе останат отворени. Се враќа обврската за известување на властите преку СМС за секое излегување од домот.

За време на првото „заклучување“ во март, во Солун имаше отворен пркос, каде што луѓето шетаа на познатото шеталиште покрај морето и покрај присуството на полицијата, која не можеше да ги спречи.

Денеска во Грција се регистрирани 1.151 новозаразени и седум починати лица од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата во земјата бројот на инфицирани достигна 42.080, а бројот на смртни случаи 642 во земјата со 10,72 милиони жители според податоците на Евростат од 2019 година.