Од утрово, полицијата вршипретреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија, а дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за осум лица, а дека три веќе се избегани од државата.

„Претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари“, информира Плусинфо.

Случајот „Онкологија“ беше отворен откако медиумите во јавноста обелоденија дека се продаваат скапи лекови кои се наменети за пациенти болни од рак, но вработени ги продавале на црниот пазар.

Се почна откако откако „Фокус“ објави дека сестра крадела цитостатици на Онколошката клиника, и дека таа веќе еднаш била фатена, но била повторно вратена на работа.

Како што дознава Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.

Мизрахи: Собранието да ги достави сите материјали од Анкетната комисија за Онкологија до ЈО

Од Јавното обвинителство информираат дека повеќе детали ќе има во текот на денот.