Полицијата вечерва влегла во домот на новинар во скопско ,,Влае”

Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае јавува порталот Плусинфо. Станковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.

Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија, јавува Плусинфо од каде немаат точна информација што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство.

Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот. Претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.