Полицијата во Њујорк соопшти дека трага по 62-годишниот Френк Џејмс во врска со пукањето во метрото во Бруклин вчера, објави Си-Ен-Ен.
Според истражителите, тие имаат видео од насилникот кој е афроамериканц.
Официјални лица рекоа дека немале уапсени во врска со пукањето, во кое беа повредени најмалку 29 лица.
Ниеден од нив не е во животна опсаност.
Од нив, 10 беа застрелани, а другите беа повредени во паниката во метрото. Напаѓачот пукал 33 пати.
На местото на злосторството биле пронајдени пиштол, чаури, детонирани и неексплодирани гранати и секира.
Инцидентот се случил на метро станицата на 4-та авенија и 36-та улица во населбата Сансет Парк во Бруклин околу 08:30 часот по локално време.