Полицаец со колено убива Афроамериканец, Минеаполис во хаос (ВИДЕО)

Полицаец во Минеаполис во сојузната држава Минесота пред очите на граѓани буквално со притисок на коленото го задушил Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Овој инцидент во кој и покрај предупредувањата на очевидците полицајците одземале живот на уапсен граѓанин предизвика хаос во Минеаполис и други градови во САД.

Во нередите против прекумерна сила на полициски припадници покрај Афроамееиианци учествуваат и белци и Хиспаноамериканци.

Видеото во кое јасно се гледа дека Флојд не може да дише и му тече крв од носот а полицајците не го прекинуваат насилството врз него испровоцира стотици илјади луѓе да излезат на улица.

Предходно сопственик на локална продавница каде бил уапсен Флојд потврдил дека Флојд не давал отпор при апсењето како што тврдат полицајците кои учествувале во неговото убиство.

https://youtu.be/S2KcXYtA_cA