Предновогодишна прослава на полициски службеници од полициската станица Пехчево, минатата година на 25-ти декември во Владимирово, завршила со кавга во која полицаец му одгризал прст на командир, јавува МКД.мк
„На 25.12.2021 во 02.13 часот во СВР Штип, од Итната медицинска помош Пехчево, било пријавено дека во 02.00 часот за укажување на лекарска помош се јавил В.Р.(44) од Пехчево.
Според пријавеното, на 24.12.2021 во временскиот период од 00.30 до 01.00 часот во угостителски објект во с.Владимирово по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу Д.А.(46) од с. Ратево и В.Р.(44) од Пехчево.
Во пресметката со повреда на прст од десната рака се здобил В.Р. констатирана во Општата болница Кочани. Во врска со настанот процесуирана е соодветна пријава и по барање на ОЈО извршени се потребните проверки и по обезбедената медицинска документација известено е надлежното ОЈО. Исто така, поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР“, изјавиле од МВР за порталот.
