Полицаец е петта жртва на немирите во САД

Полицаецот Брајан Сикник починал од повредите здобиени во немирите во средата предизвикани од приврзаниците на сегашниот претседател Доналд Трамп на Капитол Хил.

Тој е петта жртва на немирите.

Претходно беше објавено дека четири лица беа убиени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да спречат парламентот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.