Полемика во Грција: Ако Македонците не се сметале Грци, зошто денес ги сметаме? Зошто да не може и браќата Адетокунбо?

Спортската јавност во Грција остро се подели на два табора во жестоката јавна дебата на социјалните мрежи за бојата на кожата на четворица кошаркарски репрезентативци за претстојното Европско првенство, при што како аргумент ги користат и – Македонците.

„Ако Македонците не се сметале за Грци, зошто ние денес ги сметаме? Тогаш зошто да не може и браќата Адетокунбо? Па, видете што пишувал Демостен за Македонците, дека се варвари и негрци. Дури и Херодот кажува дека Македонците не биле Грци“, резонира твитерџијата „Болт Труер“ од поддржувачите на настапот на четворицата црномурести браќа Адетокунбо.

„Ако некој се чувствува како пижама, О.К., тој е пижама. Ако Мицос се чувствува како жена, тој е жена. Ако ‘Скопјаните’ се чувствуваат Македонци, тие се Македонци. Ако Нигериец се чувствува (????) Грк, тој е погрк од тебе. Тоа нема логика“, констатира „Велвет торнс“ од таборот на критичарите, кои се здружија под хаштагот „Не е моја репрезентација“ (#not_my_national_team).

Тројцата браќа на НБА-ѕвездата Јанис Адетокунбо – Александрос, Константинос и Атанасиос – ѝ се приклучија на грчката репрезентација за Евробаскетот кој ќе се одржи од 1 до 18 септември, а на кој Грција е во група со соорганизаторот Италија, како и со Италија, Хрватска, Украина, Велика Британија и Естонија.

Сите четворица браќа Адетокунбо се родени во Атина од родители доселеници од Нигерија.