Покана за владината дипломатска тројка

Ударната тројка на владата за надворешна политика е поканета да дојде во Собранието да и објасни на јавноста што се преговара со Бугарија.

“Ги повикуваме Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Бујар Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста”, се вели во пораката што попладнево од протестите на опозицијата ја упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.