Папата франциско ја предводеше церемонијата на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, држејќи проповед во која го спореди својот претходник со Исус пред десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар.

Франциско на плоштадот пристигна во инвалидска количка поради проблеми со коленото.


Во проповедта, папата го спореди Бенедикт со Исус, потсетувајќи на неговите последни зборови пред да умре на крстот: „Оче, во твоите раце го предавам мојот дух“.

На мисата присуствуваа уште 125 кардинали, 200 бискупи и околу 3.700 свештеници, Франциско зборуваше за „мудроста, нежноста и лојалноста на Бенедикт што ни ги дава низ годините“.

Тој само еднаш го спомна поранешниот папа по име, во последниот ред од проповедта: „Бенедикт, верен пријателе на Исус, нека ти биде целосна радост кога ќе го слушнеш неговиот глас, сега и засекогаш!

Луѓе од целиот свет, многумина од родната Германија на Бенедикт, почнаа да пристигнуваат пред зори за да се простат од Бенедикт.

Неговото тело беше ставено во ковчег од чемпрес во кој беа ставени монетите од Ватикан, ковани за време на неговиот понтификат. Покрај крстот, името на папата и годините на неговиот понтификат, ковчегот го содржи и личниот грб на папата.

По погребната церемонија, ковчегот ќе биде префрлен назад во базиликата и ќе биде обложен со цинк и запечатен во друг дрвен ковчег. Како последен, трет ковчег доаѓа оној од брест или орев, запечатен со златни клинци.

На негово барање, Бенедикт ќе биде погребан во подземните ватикански пештери.

Повеќе од 1.000 припадници на италијанските безбедносни служби беа ангажирани да помогнат во обезбедувањето на настанот, а воздушниот простор околу Светата столица беше затворен за тој ден. Италија нареди знамињата низ целата земја да бидат спуштени на половина копје.

На погребот присуствуваат Германци во традиционална баварска носија со знамиња и транспаренти од областа на земјата од каде што потекнува Бенедикт, роден роден како Јозеф Рацингер.

Бенедикт Шеснаесети, светски познат теолог, почина во саботата на 95-годишна возраст во манастир во ватиканските градини, каде што се пресели откако станал првиот папа во последните 600 години што поднесе оставка.