Погодете која легенда ечи од звучникот на Елмас (ВИДЕО)

Македонските фудбалски репрезентативци се на три дена пред првиот меч од Европското првенство против Австрија а нивните потези ги следи широката јавност.

На едно од видеата со репрезентативците објавени на социјалните мрежи се слуша како тие слушаат музика на легендарниот Гоце Арнаудов.

Иако фудбалерите веќе постигнаа огромен успех со пласманот на ЕУ да им посакаме зборовите на Арнаудов од песната која ечи од звучникот на Елиф Елмас да им станат јаве по успесите против Австрија, Украина и Холандија.