Поднесена прва приватна тужба за пожарите во Атика

Пензионираниот офицер на грчката морнарица, Панајотис Стаматис, денеска поднесе приватна тужба за катастрофалниот пожар во Источна Атика на 23 јули до главниот обвинител на Атинскиот апелациски суд.

Стаматис поднесе тужба против сите одговорни лица, вклучувајќи ги министрите, вработените во министерствата, избраните функционери на регионалната власт на Атика и во општините.

Тужителот побарал судовите да испитаат дали може да се покренат обвиненија за тешки кривични дела, вклучувајќи убиство, предизвикување пожари, несовесно загрозување на живот, прекршување на регулативите за градба, што резултираа со смрт.

Во тужбата Стаматис истакнува дека никој од владините службеници во власта не ги предупредил жителите или туристите да се евакуираат од градовите Неос Вуцас и Мати – за разлика од разни странски амбасади кои испратиле електронски пораки ки со предупредување до нивните државјани кои се нашле во областа, соп препорака да се евакуираат на безбедни локации.