ДУИ, поделена денеска ќе ја одбележи 21-годишнината од формирањето како партија.
Од Раководството на ДУИ соопштија дека организирале панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обрати и лидерот на партијата Али Ахмети, поранешнта министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.
Но, ниту еден од функционерите кои се дел од фракцијата, „Огнена група“, не биле поканети на овој панел…
Блерим Беџети вели дека за настаните што ќе се одржат дознале од медиумите, а од фракцијата на ДУИ, таканаречените “огнени“ најавија посебен настан во 14:00 часот, кој што ќе одржи во Центарот за култура во Тетово зашто не биле поканети на прославата..
„Нормално не сме информирани за коктелите што ги организираат министрите. Тоа се докажа и на прелиминарните средби, иако сме се декларирале како фракција, тоа е многу легитимно. Нормално, не бевме известени, како и секогаш разбравме од медиумите“, рече тој како што пренесува Алсат.
Фракцијата на ДУИ 21-годишнината од основањето на партијата ќе ја одбележи во Домот на културата во Тетово, во исто време кога во Скопје Ахмети го повика членството на коктел.
